Како го извадила млада Бошковица Бошка Рајковиќа од темна дзандана?



5

Како го извадила млада Бошковица Бошка Рајковиќа од темна дзандана?

Ми го вати Бошка Рајковиќа,
Ми го вати Амет-ефендија,
My сакаше до четири добра:
Прво добро — коња пеливана,
Второ добро — убава невеста,
Трето добро — сабја колаклија,
Четвртина — жолта боздогана!
Ами Бошко, Бошко Рајковиќу,
He му дава Амет-ефендија,
He му дава ни једиото добро.
Ми го тури во темна дзандана;
Он ми лежа, Бошко Рајковиќу,
Он ми лежа до девет години;
Он ми рани пиле соколово.
My се молба Бошко помолило:
„Дејди, Ило, Ило кавпуџија,
„Ај, му кажи Амет-ефендија,
„Ќе му правам триста метанија,
„Да ме пушти од темна дзандана.”
Oној беше завал исафлија,
И му кажа Амет-ефендија;
Ами Турчин верата немало:
„Нек се скапи во темна дзандана!”
Па се молба Бошко помолило:
„Дејди, Ило, Ило кавпуџија,
„Ај, дади ми једна бела книга,
„Бела книга, једна рака перо.”
Што му даде једна бела книга,
Бела книга, једна рака перо,
Си начкрта Бошко Рајковиќу,
Си начкрта белите јобрази,
Да напише једна бела книга;
My ја врза пиле соколово,
My ја врза, и му порачува:
„Да ја бараш млада Бошковица,
„Она м’ чина на туѓа туѓина!”
Што ми летна пиле соколово,
Што ми летна пиле си прелетна,
Ми ја најде млада Бошковица,
Ми ја најде стреде во градина!
Киски кити, лепа песна пеје!
Ји застана десното рамено.
„Дејди, пиле, пиле соколово,
„Не ти земам книга да ти четам,
„Дури киска не ми се докити,
„Дури песна не ми се допеје!”
Ајде, киска ми се докитила,
Ајде, песна ми се досвршила;
Што си зеде таја бела книга,
Она чети, дробни солзи рони:
„Дејди, Бошко, Бошко Рајковиќу,
„Јаз те чинам во туѓа туѓина,
„А ти било во темна дзандана!”
Што ми стана млада Бошковица,
Што с’ облечи руво пеливанско,
Што си спрема коња пеливана,
Што си зеде сабја колаклија,
Ем си зеде жолта боздогана.
Hero врла, в’ раци го дочеква;
Што си вјана коња пеливана,
Кај што јоди ситно роса роси,
Роса роси, калдрмите дзунат!
Овде-јонде по бели друмови,
Ми јотиде турска јасакчија,
Ми го вати Амет-ефендија;
Го потегна жолта боздогана,
Десет мава, ајде, једно броје!
„Аман, аман, незнајна делијо,
„Ја кажи ми, што кабајет имам?”
Уште удри млада Бошковица,
Двајсе мава, ајде, једно броје!
 „Аман, аман, незнајна делијо,
„Ја кажи ми, што кабајет имам?” —
„Зошто држиш во темна дзандана,
„Зошто држиш Бошка Рајковиќа,
„Зошто држиш седумдесе робје?”
Ми извика Амет-ефендија:
„Ај, пуштајте седумдесе робје,
„Ами Бошко да не го пуштите!
Па го удри млада Бошковица,
Двајсе мава, ајдс, једно броје!
„Аман, аман, незнајна делијо,
„Ај, кажи ми што имајње сакаш?
„Beќе коски ми се содробија!” —
„Што не пушташ Бошка Рајковиќа?
„Јаз го чинам во туѓа туѓина,
„А он било во темна дзандана!” —
„Пуштајте го Бошка Рајковиќа,
„Нек се мани белај од главата!” —
„Ај, плати ми дено што сум губил:
„Ден ми чини три товари јазно!” —
„Дајте му ји три товари јазно,
„Нек се мани белај од главата!”
My мерија три товари јазно;
Си навика седумдесе робје,
My подели товар дробно јазно,
А на Бошка пара не му дало!
Ми го врли Бошка Рајковиќа,
Ми го врли млада Бошковица,
Ми го врли зад себе на којно
И си тргна по бели друмови;
Кај што јоди, ситно роса роси,
Роса роси, калдрмите дзунат!
Он ја пита, Бошко Рајковиќу,
Он ја пита млада Бошковица:
„Ај, од кај си, незнајна делијо,
„Каде јодиш, каде ли ме носиш?” —
„Оди, јоди, Бошко Рајковиќу,
„Да не т лепнам шамар врз главата,
„Да дознајиш млада Бошковица!”

Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg



Референце уреди

Извор уреди

Др. Војислав С. Радовановиќ: Маријовци у песми, причи и шали, Штампарија Василија Димитријевића Скопје, 1932.