Попитал Стојан бела Бојана
Попитал Стојан бела Бојана;
Стојан ја пита, брат је не дава;
Стојан бекрија, лудоделија:
„Отруј брата ти, бела Бојано,
отруј брата ти, земи ме мене!“ 5
„Отруло би го, немам со ошто.“
„Јас да ти кажам, бела Бојано,
ајде појди си од осој в осој,
ти да фати си две лути змии,
една осојна, друга присојна, 10
да преврзи ги со зелен гајтан,
да префрли ги на зелен јавор:
јавор ке цути, јадот ке капи;
да си начекаш во зелен филџан,
да да му дадеш да се напие.“ 15
Па ми отишла од осој в осој
и си фатила две лути змии,
ги преврзала со зелен гајтан,
ги префрлила на зелен јавор,
јавор ми цутел, јадот ми капел; 20
го начекала во зелен филџан.
Брату подава да се напие:
„Напи се, брате, лута ракија!"
„Напи се, сестро, ти си постара!“
„Напи се, брате, господ е постар!" 25
Колку се напи од коња падна,
од коња падна, на нож се удре,
на нож се удре, и часот умре.
Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg