Марко Краљевић и Ђино Арбанас

* * *


Марко Краљевић и Ђино Арбанас

(Народна песма из Леринског краја)

Вино пијат седомдесет кралои,
Вино пијат на Чукур-планина,
Вино пијат и фалба се фалат,
Кој со мајка, кој со мила сестра,
Кој со луби, кој со братучедо, 5
Кој со своје милно машко дете,
Што ми беше Ђино Арбанаше,
Нема со шчо јунак да се фали,
Се пофали с кона пеливана,
И со сабја и со боздогана. 10
И кралои шега се подбиле:
— Бре ди, Ђино, Ђино Арбанаше,
Што се фалиш с кона пелиФана.
И се фалиш со сабја, боздогана,
Кона-та је таја пцошка рана, 15
Кога да је, пси-те ће го јадат,
Сабја-та је студено железо,
Кога да је, рђа ће го јади,
Боздоган је студено железо,
Кога да је, рђа ће го јади! 20
И на Ђина несвидно му падна:
— Јадете, пијете седумдесет кралои,
Во недела на свадба да доите!
Кум ће го кана Кралевића Марко,
Ће ме венча с негои невеста! 25
— Еј ди, Ђино, уста ти капнало!
Шчо зборуваш такови зборови?
Ако чуе Кралевића Марко,
А од Марко ти си живот немаш!
Си отиде Ђино на дворои, 30
Си пособра китени сватои,
Го покани Кралевића Марка,
Го покани нунко да му биди.
Дође Марко у Ђина на свадба,
И си кладе свирки и тапани, 35
Од никада невеста ми нема,
По невеста Ђино ће ми оди,
Сватои те кони си ружваја,
Стана Марко кона да си ружва,
Да ми одит по млада невеста. 40
Што му вели Ђино Арбанаше:
— У нас немало никог таков адет,
По невеста нунко да ни оди;
Да си седиш на високи дивани;
Да си пије вино арбанашко. 45
И на Марка ћефа му се стори.
Седна Марко вина да си пије,
Да си пије вино арбанашко.
Ми ћинисал Ђино по бели друмои,
Право тегли во Прилепа града, 50
Со се свирки, со се ми тапани,
И со се ми китени сватои.
Ми отиде во Прилепа града,
Ми запреја на гнилишчи гробишча,
Ми запреја свирки и тапани, 55
Само Ђино на дворои отиде,
Ми ја најде млада Марковица,
Каде метит рамните дворои,
Ка го виде Ђино Арбанаше,
Фрли метла во рамни дворои, 60
Го пречека, Ђино Арбанаше:
— Добро дојде, наши кумашине!
И му велит Ђино Арбанаше:
— Марковице, убава невесто,
Здраво живо от Краљевнћ Марко, 65
Та без тебе неће да ме венча!
Ми се качи млада Марковица,
Ми се качи високи дивани,
Ми ја праша нејна-та свекрва,
Нејна свекрва, Маркова-та мајка, 70
Шчо имаше за двеста години:
— Еј ди, мајко, ти стара свекрво,
Допратил је Марко и јаска да ида
Оти без мене Гино не го венчат.
Да ли да ода или да не ода? 75
— Ће одиш, снао, како не ће одиш,
И на Марка атар ће остане.
Се промени млада Марковица,
Се промени в невестинско руо,
Си наметна Марково-то ћурче, 80
Со дванајсе видри, лисичини,
Со дванајсе камни бесценати,
И си вјана Шарца добра кона.
Колку дојде гнилишча гробишча.
Ми удриле свирке и тапани, 85
Му фрлија превеза на очи,
Ја донесе Ђино на дворои.
Слезе Марко, невеста да причека.
В раци Маркои невеста ми слезе.
И ја качи високи дивани. 90
Дар му го даде негово-то ћурче.
Со дванајсе видри, лисичини,
Со дванајсе камни бесценати,
Да л’ не ће Марко да се сети,
Ал не може Марко да се сети, 95
Си ја венча за други јунака.
Ми сретнале гости, пријатели,
Ми седнале на чесна т'рпеза,
Ладат, пијат, лакрдији чинат,
Шчо му вели Кралевића Марко: 100
— Ајд да помини, убава невесто,
Да помини по чесна трпеза,
Да ни тури по една чаша вино.
Ми помина убава невеста,
От п'рвен му на Марка тури вино, 105
Му подаде вино, рака му целива,
И со рака Марка ми га стисна,
И со нога Марка ми го тапна,
Да ли неће Марко да се сети,
Оти је тоа негова-та невеста. 110
Рет по редум по т'рпеза помина,
Ми помина убава невеста,
И на си-те тури чаша вино.
Ушче еднаш па ће ми помини.
Ће ми помини по чесна т'рпеза, 115
Вино да даде убава невеста,
Па на Марка вино му го даде,
Му подаде вино, рака му целива,
И со рака Марка ми го стисна,
И со нога Марка ми го стапна. 120
Тогај Марко мошне се налути:
— Бог и убил лоши Арбанаси,
Шчо не знает светаго Јована,
Ничкум легна Марко на трпеза,
Ниту јадеи Марко, ниту пиеи. 125
На утрина рано се осамна,
Стана Марко, дома ће си одит.
Го извади Шарца од дворои,
Го престегна со девет колани,
Ми го вјана којно ће ми оди, 130
Ми го удри чатала камчика.
Се закопа земли до кичица:
— Ајде. шарцу, ајде добро којна!
Ке идеме до Прилепа града,
Визе ми се лоши Арбанаси, 135
Не ми знаат светаго Јована!
Пак му којна неће да к'иниса,
Ми го удри чатала камчика,
Се закопа земли до колена.
Тогај вели Кралевиће Марко: 140
— Фала богу, за чудо големо
Заборавиф убава невеста,
Заборави дар да ја дарува,
Бели за то којна не ми оди!
Ај изваите, лоши Арбанаси, 145
Ај изваите убава невеста,
Малко дара да ју дарува!
Се пресегна свилени џепои,
И нзвади три жолти дукати.
Извадија млада-та невеста, 150
И на Марка рака му целива,
Марко даде три жолти дукати,
Го целива којна во образи,
И со срце таја сама проговори:
— Еј ди, Шарцу, мило добро моје, 155
Коа ће одиш во Прилепа града,
Коа ће одиш, кого ће го најдиш?
Ће ’а најдиш моја-та свекртва,
Ђе ’а најдиш Маркова-та мајка,
Шчо ми има за двеста години, 160
Шчо не може од земја да стане.
Кој ће тебе зопца-та назобат,
Кој ће Марка вино го наслужи?
Проговори Шарца добра којна:
— Господару Кралевића Марко. 165
Кога ће одиш во Прилепа града,
Кога ће одиш, кого ће го најдиш?
Ђе ’а најдиш твоја стара мајка.
Шчо не може од земја да стане,
Ти си ја венчал твоја-та невеста, 170
Ти си ја венчал за други јунака.
Кога крена превеза од очи,
Кога гледа — млада Марковица,
Та ми слезе от Шарца на земја,
Ми се качи високи дивани, 175
Ми го фати Ђина Арбанаше.
Му пресече нози до колена,
Му пресече раци до рамена,
Му изврте две-те црне очи,
Ми го фрли од диван на земја, 180
Шчо имаше стока, му поплени,
И испрати гости, пријатели:
— Ај со здравје, гости пријатели!
Вије се на радос канете.
Си ја зеде млада Марковица, 185
Си ја донесе во Прилепа града,
Ето тако ми умел стари Марко!

Песму казивао слепац Филип Митре,
старац од 70 година, из села
Петораци у Леринском крају.


Референце

Извор

  • Томић Н. Јован, Историја у народним епским песмама о Марку Краљевићу; песме о Муси Кесеџији и Ђему Брђанину; историјска истраживања; [Београд], Српска краљевска академија, 1909., стр. 203-208.