Марко Крале и Вилип Маџарина

* * *


5

Марко Крале и Вилип Маџарина

Што ми пуштил Вилип Маџарина,
My допуштил на Марко Крале,
My допуштил једна бела книга:
„Дејди, море, Марко Крале,
„Да ли тамо дома ќе ме чекаш,
„Јал ќe дојдиш на рамно Косово,
„Да се, море, једнеш обидиме?”
Марко гледа таја бела книга,
Марко ми се под мустагш смехал!
Го догледа негов’ стара мајка:
„Дејди, Марко, Марко мили синко,
„Да л’ се смејеш со мојата старос,
„Да л’ се смејеш со слатка вечера,
„Јал’ се смејеш с убава невеста?” —
„Дејди, мајко, моја стара мајко,
,Јаз се смејем с црна-бела книга,
„Ми ја пуштил Вилип Маџарина:
„Да ли јовде, мајко, да го чекам,
„Јал’ да идам на рамно Косово,
„Да се, мајко, једнеш обидиме?” —
„Дејди, Марко, Марко мили синко,
„Beќe ми се, сине, здодејало,
„От гледање реки јод крвови;
„Ами тамо, на Косово рамно,
„Тамо јоди, тамо го погуби и —
„Дејди, мајко, мајко стара душо,
„Ај, вати си петел, бре, јубави,
„Да г’ заколиш, ти да го југотвиш;
„Ајде, земи риба беловица,
„Да ј’ уготвиш риба беловица;
„Акоj петел, петел ми пропеје,
„Веќе земја ќe ми се уземи;
„Акој риба, риба ми повража,
„Ќе запустам краљската столнина!”
Ми вражала Марковата мајка:
Југотвила петел, бре, јубави,
Југотвила риба беловица;
Ниту петел ми је пропејало,
Ниту риба ми је провражала, —
Уште време не ми је дојдено,
Да го вати Марка умирачка!
Што си стана Марко Крале,
Што си стана утро во недела,
Коњ си кова коња најопако,
Плочи клава белијо карагрош,
Клинци клава жолти мајмудији;
Што си јавна коња пеливана,
Си го зеде неговото внуче,
Негов’ внуче, дете Секуленце,
Ќе јодаја на рамно Косово,
Ќе јодаја борба да ми прават,
Да се бијат с Вилип Маџарина,
Да јобискат јуначките срца!
Го најдоа Вилип Маџарина,
Се стретнале на рамно Косово.
Ами Марко, Марко маѓесница,
My текнало мајка што го колна.
Во недела борба да не прави:
Ајде, утре, утре ќe се удрат!
Изговори Вилип Маџарина:
„Стој на нишан, Крале Марко,
„Ќе те удрам, утре не те чекам!”
Он ми сврли, Вилип Мацарина,
Он ми врли жолта боздогана;
Марков коња ‘наја итра беше,
Ми лег’ваше колен-коленичку, —
Се преврли жолта боздогана!
Редум дојде Вилип Маџарина,
Да ми стоји, Марко да го удри.
Изговори Марко Крале:
„Стој на нишан, Вилип Маџарина! —
„Дејди, море, Марко Крале,
„Ми с’ погреши моја десна рака;
„Ајде пак на нишан да стојиш!” —
„Дејди, море, Вилип Маџарина,
Једнеш мајка мене ме родила, —
„Ајде, море, стоји, бре на нишан!”
Марко мери тенка половина.
Ми го врли жолта боздогана, —
Ами Вилип, Вилип Маџарина,
Негов коња и тој легнуваше:
Коњ му легна колен-коленичку, —
Ми го зеде право врз челото!
Што ми падна Вилип Маџарина,
Што ми падна, Марко ми допадна;
Мавна сабја, сабја колаклија,
My јодрежа глава јод рамена,
Ја занесе во Прилепа града.

Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg


Референце

Извор

Др. Војислав С. Радовановиќ: Маријовци у песми, причи и шали, Штампарија Василија Димитријевића Скопје, 1932.