Извикнал Стојан, надвикнал!

* * *


5

Извикнал Стојан, надвикнал!

Извикнал Стојан, надвикнал,
Отаде Кала-Марија,
Отаде Кала-Марија,
Зад таја жолта Дунава:

„Дојди ми, мајко ле мори,
„Дојди ми, леле, дојди ми !
„Змија ми влегла в’ пазува,
„Да дојдиш, да ја извадиш!” —

„Не можам, синко, да дојдам,
„Без тебе, синко, помин’вам!”

Извикнал Стојан, подвикнал:
„Дочуј ме, сестро Марије!
„Змија ми влегла в’ пазува,
„Да дојдиш, да ја извадиш!” —

„Не можам, брате, да дојдам,
„Без десна рака да јодам!”

Извикнал Стојан, надвикнал:
„Дочуј ме, либе, дочуј ме!
„Змија ми влегла в’ пазува,
„Да дојдиш, да ја извадиш!” —

„Јета ме, Стојан, кај одам,
 „Кај тебе, Стојан, ќe дојдам;
„Без тебе, Стојан, не можам,
„Без десна рака ќe јодам!”

Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg


Референце

Извор

Др. Војислав С. Радовановиќ: Маријовци у песми, причи и шали, Штампарија Василија Димитријевића Скопје, 1932.