Биљана платно белеше
Биљана платно белеше
на охридските извори,
оздола идат винари,
винари белограђани.
Винари белограђани
кротко терајте карванот,
да не ми платно згазите,
платното ми е даровно!
Биљано, момe убавo,
ако ти платно згазиме,
со вино ће го платиме,
и бела лута ракија.
Јаc не ви сакам виното,
тук ви го сакам момчето,
што напред тера карванот,
и капче носи над око.