5
Кога беме, моме, на млад заман!
Вило, Вило, моме трандавило!
Да ли знајеш, Вило, паметуваш,
Кога беме, моме, на млад заман,
Под селото, Вило, ливаѓето?
Ти пасеше, Вило, рудо јагне,
Јаз си пасе, моме, брза коња;
Ти посака, Вило, пет стотини,
Јаз ти дадо, леле, шес стотини!
Поврати ми, Вило, баре малко,
Колку коња, моме, да си ковам;
Колку коња, Вило, да потковам,
Ајде виној, моме, да попијам! —
Дејди, лудо, море, лудо младо !
Кога си ми, лудо, пари дало?
Кога си ми, море, пари дало,
Камо ти ји, лудо, мартирите? —
Вило, Било, моме трандавило!
Мартири се, Вило, јасни дзвезди;
Мартири се, моме, јасни дзвезди,
Месечина, Вило, даугџија !
Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg