Тебе да те пленат, моме маријовско!



5

Тебе да те пленат, моме маријовско!

На јанбаро седет, Недо мори,
На јанбаро седет,
Недо мори, Нешо мори,
До тровица Турци!

До тровица Турци, Недо мори,
До тровица Турци,
Недо мори, Нешо мори,
Турци јеничари!

Турци јеничари, Недо мори,
Турци јеничари,
Нсдо мори, Нешо мори,
Двај’ца беглерџији!

Двај’ца беглерџији, Недо мори,
Двај’ца беглерџији,
Недо мори, Нешо мори,
А третио ушак!

Турски зборуваја, Недо мори,
Турски зборуваја,
Недо мори, Нешо мори,
Тебе да те земат!

Тебе да те земат, Недо мори,
Тебе да те пленат, Недо мори, Нешо мори,
Моме маријовско!

Тебе да те пленат, Недо мори,
Тебе да те носат,
Недо мори, Нешо мори,
Дури во Јанино!

Кога те качиле, Недо мори,
Кога те качиле,
Недо мори, Нешо мори,
Пашини сараји!

Ти побело дојде, Недо мори,
Ти побело дојде,
Недо мори, Нешо мори,
Од белите булки!

Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg



Референце уреди

Извор уреди

Др. Војислав С. Радовановиќ: Маријовци у песми, причи и шали, Штампарија Василија Димитријевића Скопје, 1932.