Пита Јанинка Алибег
Пита Јанинка Алибег,
Јанинка дури от Велес,
Алибег от град от Прилип.
Он је пита, она неќе;
она му се род кажуе, 5
први втори братучеди.
Алибег рода не гледа!
Избегна Јана, побегна,
до своја сестра Тодора,
до своего зета Никола. 10
Праќа допраќа Алибег:
„Никола, млади Никола,
или ми Јана допрати,
или ти глава пресеко!"
Па ми се чуди Никола 15
како да Јана измами,
как да је Турци предаде?
Никола ли и говори:
„Јанинко, дилбер балдузо!
Ја искачи се на чардак, 20
погледни в гора зелена
како е гора развила
зелен здравец и петопрс,
црвено, бело лилјаче
и това лале алово!" 25
Си измамила Јанинка,
си искачила на чардак,
погледна в гора зелена —
низ гора шета Алибег!
Како ја виде Јанинка, 30
добро си коња разигра,
бели си раци разгрна,
таја Јанинка прегрна,
на добра е коња качи.
Јана си зета клнеше: 35
„Зету ли, зету Никола!
Што ти од срце паднало
се у Турци ти отишло!"
Кога ја Јана водеха,
крвава роса росеше. 40
Кога ја Јана турчиха,
жешки камења врнеха!
Тогај се чуди Алибег:
„Што е ова чудо големо?
Крвава роса што роси, 45
жешки камења што врнат?“
Тогај ја Алибег прашаше:
„Јанинко, дилбер хубава!
Да ли си имаш некого,
или брата или братучед?" 50
Јанинка ли му говори:
„Алибег, млади Алибег!
Та ја си немам ноикого,
еден брат малечок су имала,
уште мал ми го пленеле; 55
Татари ми го пленеле,
однели ми го, однеле,
клета земја Анадолска!“
Тогај си вика Алибег:
„Да ли си нишан негди имаше?" 60
„Оно си нишан имаше
на десна рака, на мал прс;
и уште нишан имаше
на руса глава под перчик.“
Тогај си вика Алибег: 65
„Јанинко, дилбер хубава!
Та ние сме брат и сестра!"
Двата ми се загрнаха;
живи ми се загрнаха,
ја мртви ми ги разгрнаха. 70
Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg