Дојчин добер јунак и црна Арапина

* * *


5

Дојчин добер јунак и црна Арапина

Се затвори Црква Митровденска,
Се затвори во Солуна града:
Се собрале Солунци граѓани,
Отвараја Црква Митровденска,
Никој нема да ми ја отвори.
Што ми дојде Дојчин добер јунак,
Ми ја клоцна со десно колено,
Се отвори Црква Митровденска;
Внатре најде шарено ковчеже,
 Во ковчеже три убави моми, —
Се наведе, Дојчин ји целувал!
Тиј’ не беа три убави моми,
Веќе беа три моми светици:
Првна беше Чиста ем Пречиста,
Втора бсше Пресвета ми Петка,
Трета беше Света Неделичка!
Изговори Чиста ем Пречиста:
„Дејди, мори, Пресвета ми Петко,
„Јаз ќе манам с десна тупаница,
„На дно земја него ќе натерам!”
Изговори Света Неделичка:
 „Нека му го, луто ќе го колнам:
„Нека лежи до девет години,
„Да сокини до девет постели;
„Нека му се, бре, коски раскостат,
„Низ коските трева детелииа,
„Низ тревата змији ем гуштери!”
Нападнала једна темна мегла
Под селото, долу ливаѓето;
He ми била таја темна мегла,
Ток је била црна Арапина!
Посакало големи тајими:
Девет кила белата пченица,
Девет вурни бели леб за луѓе,
Девет крави, крави јаловици;
Ајде, друго, једној мало моме,
Малој моме за ноќе љубење, —
На вечер го моме заљубувал,
На јутро го, ајде, закопувал!
Ред по редум, сете с изредија,
Дојде редо Дојчинова сестра,
Дојчинова руса Анѓелина;
Дворје мети, дробни солзи рони.
Ја догледал Дојчин од постела:
„Дејди, сестро, руса Анѓелино,
„Да ли ти се, сестро, здодејало,
„Здодејало од измет правење?” —
„Дејди, брате, Дојчин добер јунак,
„Ко’ си лежал до девет години,
„Јуште девет, брате, да ми лежиш,
,Да сокиниш до девет постели!
„Што ми дошло долу под селото,
„Под селото, долу ливаѓето,
„Што ми дошло црна Арапина,
„Посакало големи тајими:
„Девет кила белата пченица,
„Девет вурни бели леб за луѓе,
„Девет крави, крави јаловици;
„Ајде, друго, једној мало моме,
„Малој моме за ноќе лубење, —
„На вечер го моме заљубува,
„На јутро го, ајде, закопува!
„Ред по редум, сете с’ изредија,
„Дојде редо, братето, до мене!”
Изговори Дојчин добер јунак:
„Дејди, сестро, руса Анѓелино,
„Ај, да појдиш млади баздриѓани,
„Да ти дадат триста лакта платно: „
„Кога стани, Дојчин ќе ви плати, ,,
„Ќе ви плати платно вересија!””
 „Да ми појдиш кај Димко албаче,
„Да ти коват коња вересија;
„Да ми појдиш млади чегртчији,
„Да т’ поточат сабја колаклија: „
„Кога стани, Дојчин ќe ви плати!”
Ми јотиде Дојчинова сестра,
Дојчинова руса Анѓелина,
Ми јотиде млади баздриѓани,
Ји посака платно вересија.
,Дејди”, вели, „руса Анѓелино,
„Ако н’ дадеш твоја јубавина,
„Ќе ти дајме платно вересија!”
Како зборат млади баздриѓани,
Тако збори Димко албатинче,
Тако зборат млади чегртчији!
Ми се врати руса Анѓелина,
Ми се врати, дробни солзи рони:
„Дејди, брате, Дојчин добер јунак,
„Шега с’ бијат со мен’, женска пола! „
Тија сакат моја јубавина,
„Да ми дават платно вересија,
„Да ми коват коња пеливана,
„Да ми точат сабја колаклија!”
Изговори Дојчин добер јунак:
„Дејди, сестро, руса Анѓелино,
„Ај, влези си земните ќерали,
„Извади си твој те бели крпи,
„Бели крпи, триста лакта платно,
„Да ј’ изврзам моји дробни коски,
„Да го видам црна Арапина!“
Што си стана Дојчин добер јунак,
Што си врза коски раскоскани,
Што си зеде коња некована,
Што си зеде сабја неточена,
Неточена сабја колаклија,
Колаклија, сабја зглобалија,
 Што си зеде жолта боздогана,
Што си вјана коња пеливана,
Ми јотиде доле под селото,
Под селото, зелени чајири,
Зелен чајир, на бели чадори,
My извика црна Арапина:
„Јави глава, црни Арапина,
„Јави глава, тебе да те видам,
„Да ти платам големи бакчиши!”
Ми се јави црна Арапина,
Арапина много грдо масен:
Долна јуста, вели, до папчина,
Горна јуста, ајде, до челбина!
Што ми врли Дојчин добер јунак,
Што ми врли жолта боздогана,
Ми го зеде Арап врз челбина;
Мавна сабја, сабја колаклија,
Колаклија, сабја зглобалија,
My пресече глава до рамена;
В’ самар ј’ клава, самар не ја ваќа,
B’ раце ј’ носи, раци не ја крепат!
Ми се врати стреде низ чаршија,
Низ чаршија во Солуна града,
Ја завалка црнавата глава!
Што си појде млади баздри]ани:
„Ај, јави се, младо баздриѓанче,
„Да ти платим триста лакта платно,
„Што си дало платно вересија,
„Да ја дадим моја мила сестра,
„Мила сестра руса Анѓелина,
„Мила сестра, незна јубавина!”
Ми се јави младо баздриѓанче, —
Мавна сабја Дојчин добер јунак,
My ја стрежа глава до рамена:
„Ев’ ти плати, плати ем наплати!”
Што си појде Димка албатинче:
„Ај, јави се, Димко, да ти платам,
„Да ти платам коња што си ковал,
„Што си ковал коња вересија,
„Да ја дадам моја мила сестра,
„Мила сестра руса Анѓелина,
„Мила сестра, незна јубавина!”
Ми се јави Димко албатинче, —
Мавна сабја Дојчин добер јунак,
My ја стрежа глава до рамена:
,,Ев’ ти плати, плати ем наплати!”
Што си појде млади чегртчији:
„Ај, јави се, млади чегртчијо,
„Да ти платам сабја што си точил,
„Што си точил сабја вересија,
„Да ја дадам моја мила сестра,
„Мила сестра руса Анѓелина,
„Мила сестра, незна јубавина!”
Ми се јави млади чегртчија,
Мавна сабја Дојчин добер јунак,
My ја стрежа глава до рамена:
„Ев’ ти плати, плати ем наплати!”
Си јотиде стреде низ чаршија,
Низ чаршија во Солуна града,
Си јотиде Дојчин дури дома;
Што ми легнал на мека постела,
Веќе коски му се раскостија, —
Ајде, Бога душа му ја зеде;
My излег’ва негови греови!

Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg


Референце

Извор

Др. Војислав С. Радовановиќ: Маријовци у песми, причи и шали, Штампарија Василија Димитријевића Скопје, 1932.