5
Грујо Валбаџија и Јана Белоградка
Ми се вали Грујо Валбаџија,
Ми се вали Грујо Темишварче:
„Н’у сум женат, ниту се па женам,
„Дур да најдим убава девојка;
„Ќе ја земам убава девојка,
„Ај, девојка, девет мина браќа,
„Ќе ја земам Јана Белоградка
Што дочуле девет мина браќа,
Направиле кула од олово,
Ми ја клале своја милна сестра,
Ми ја кла’ле кула од олово;
Ји пуштиле једно милно внуче,
Колку конци на Јана да суче.
Доправила Јана Белоградка,
Доправила руво невестинско,
И се Јана Бога помолила:
Да заврнат јесенски дождеви,
Да ми удрат пролетни градеви,
Да дотечат реки суводолки, —
Да ја кренат кула од олово,
Да го види Груја Валбаџија,
Да ли оди како си одеше,
Да ли носи како се носеше?
Како Јана Бога помолила,
Тако Бого нези ји поможе:
Заврнаја јесенски дождеви,
Ударија пролетни градеви,
Дотекуа реки суводолки, —
Ја кренаа кула од олово!
И го виде Јана Белоградка,
И го виде Груја Темишварче:
Он ми оди како што одеше,
Он ми носи како што носеше!
Што дочуло Грујо Валбаџија,
Што ми дојде града Белиграда,
Ми ја зеде Јана Белоградка,
Ми ја зеде јубава девојка,
Ја однесе Темишвара града.
Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg