[Аман, воденичаре, стар пријателе]
Аман, воденичаре, стар пријателе,
Сомелај, де, го, аман, аман, житештево! (2)
„Невсто, мори, напроменета,
Воденица коло ми нема, не ти го мелам! (2)
Аман, воденичаре, мој пријателе, 5
Мојва снага коло ти било, сомелај де, го! (2)
„Невсто, мори, тенка, висока,
Воденица трепеталки нема, не ти го мелам!“ (2)
Аман, воденичаре, мој пријателе,
Мојве руке трепеталке ти биле, сомелај де го! (2) 10
„Невесто, мори, бела, румена,
Воденица вода ми нема, не ти го мелам!“ (2)