5
Јаз ќе одам на туѓина, на работа!
Жали, моме, да жалиме,
Како ќe се разделиме, еј моме!
Ти од мене, јаз од тебе, еј моме!
Како беме посвршени,
Посвршени, ујдисаии, —
Cera ќe се разделиме, еј моме!
Јаз од тебе, ти од мене, еј моме!
Јаз ќе одам туѓ’ туѓина,
Нa туѓина, на работа,
Много пари ќе спечалам!
Ќе ти пратам бела книга,
Бела книга, жално писмо, —
Ем да плачиш, ем да с’ смејеш, еј моме!
Жали, моме, да жалиме, еј моме!
Ќе ти пратам голем бакчиш:
Убав ѓердан, да го носиш,
Ем да носиш, ем да плачиш!
Датотека:Murat Sipan vinjeta.jpg